LEGIJATA

LEGIJATA

LEGIJATA  

Осум години по првиот албум „Лош ден за империјата“, ЛЕГИЈАТА го најавува нивното второ официјално издание. Насловено како „Легијата на Проколнатите“, воедно и име што беше и официјално користено во почетоците на творењето на оваа групација, има за цел да ги спои љубителите на оригиналниот хип хоп звук од сите генерации одеднаш. Албумот е снимен во период од 2014-2016 година во студиото на „Шурикен Рекордс“, содржи 18 песни, вклучувајќи ги и веќе добро познатите два сингла „1Л“ и „Волку Кошта“, како и синглот од најновото видео „Нема Втора Шанса“. Како продуцент во поголем дел на албумот се јавува Ненад Стефановски-Foolish Green со копродукција на Владимир Џокиќ – Да Џака Накот, како и продукции од Антонио Аранѓеловиќ – Tonyo San, Гоце Наумовски и Гоце Трпков – ДЈ Гоце (САФ). Настапот на Здраво Млади ќе биде одлична можност во живо да се види и слушне новиот материјал на ЛЕГИЈАТА, а за оваа пригода, директно од туѓина, пристига и Да Џака Накот!

АРТИСТИ 

TAJCIDO

TAJCIDO

2016
DJ FITZ

DJ FITZ

2016
MOON DUO

MOON DUO

2016
LIIMA

LIIMA

2016
KANAL 103