MOON DUO

MOON DUO

MOON DUO  

Moon Duo е проект на Erik “Ripley” Johnson (Wooden Shjips) и Sanae Yamada, доаѓаат од Сан Франциско, а настапот во Скопје е во рамки на промотивната турнеја на нивниот последен албум Shadows of The Sun, издаден за Sacred Bones Records. Зенитот на психоделијата, било во уметноста, музиката или литературата е за да предизвика продолжен период на свесност што му влијае на консументот далеку повеќе од самото дело.
Третиот албум на Moon Duo, Shadow of the Sun, е целосно напишан за време на една од овие развојни фази – за време на еден редок, но сепак напнат период за одмор, ослободен од постојаниот адреналин од настапите во живо и од нагонот од патувањата низ бескрајните пејзажи. Ова им овозможи на Moon Duo нов простор за да ги изразат сите овие претходни доживувања и да ги сместат, додека работат на албумот, во непознатата средина на еден нов дом – темен подрум во Портланд. Shadow of the Sun е создаден од една таква фаза на споулавеност. Звукот од нивните први две изданија, Mazes (2011) и Circles (2012) еволуира. Moon Duo – Ripley Johnson и Sanae Yamada – ги развиваат своите идеи со помош на нивната нова парна машина, тапанарот од Канада, John Jeffrey (дел од последното издание на бендот, Live in Ravenna).
Нерамномерните ритми и тонови присутни на ова издание се одраз на обидот на Moon Duo за смирување во оваа нова гореспомената средина. Можете да слушнете дека тие се резултат на повеќемесечната битка со длабоки несредени чувства – присутни се бизарни денс-ритмови, повторувачки, груби рифови, космички boogie звуци, па дури и екстатични убави моменти. Албумот е миксан од Jonas Verwijnen, кој имал дозвола за креативна катарза и кој ја преточува формалната техника на албумот во фин и парадоксално здрав звук на конфузија.

АРТИСТИ 

TAJCIDO

TAJCIDO

2016
DJ FITZ

DJ FITZ

2016
LEGIJATA

LEGIJATA

2016
KANAL 103