Blackstate

: North Macedonia

BLACKSTATE е псевдонимот зад кој стои Филип Тасевски – Фиц, долгогодишен дел од музичката сцена кај нас.
Најпознат како фронтмен на панк-рок бендот Новиот Почеток, но и дел од проектите Astrolungs и Retro Cabaret.
BLACKSTATE е сосема друга приказна, современа експериментална електроника во која Тасевски со своето самоистражување ја бара својата малку „потемна“ музичка страна.
Промените се дел од растењето и созревањето, а ова што Фиц го потпишува како BLACKSTATE е потврда за здрав развој на еден креативец/музичар/индивидуа.
За прв пат со придружба на бината, BLACKSTATE со нетрпение го очекуваме да презентира и дел од досегашниот, но и дел од новиот материјал.
Blackstate за прв пат на ЗДРАВО МЛАДИ.

ОНЛАЈН БИЛЕТИ