KOI KOI

: SERBIA

KOIKOI е свежо име на шареноликата и разиграна белградска музичка сцена. На публиката прв пат ѝ се претставија во 2019 година на компилацијата Hali Gali. Нивниот дебитантски албум „Pozivi u stranu“ го сврте вниманието кон култната словенечка независна етикета Moonlee records. KOIKOI ќе нѐ маѓепса со својето трансжанровско комбинирање на автохтоната музичка традиција измиксана со современите трендови.

Албумот „Pozivi u stranu“ ја носи најпримамливата форма на поинаков поп, кој во истовреме е свилено благозвучен и игриво бучен, радиски сензибилен и рокерски силовит, а секогаш под велот на хипнотички балкански мелос, преплет на екстаза и носталгија.

ОНЛАЈН БИЛЕТИ