Murman Tsuladze

: FRANCE / GEORGIA

MURMAN TSULADZE ги обединува француската електроника, африканските ритми и нивните грузиски корени. Минатата година објавија видео за ‘La Flemme de Danser’, кое според „Quietus“ го доловува нивниот природен хумор и нивниот бунтовен дух додека излегуваат на улиците на Париз да танцуваат меѓу полицијата и демонстрантите. Списанието вели: „Murman Tsuladze е првото пристаниште за Fat White Family кога бараат добро време во Париз“.

А Владица Младеновски Грга (координатор на фестивалот) додава:
„Мурман е тврдоглав/камен, Мурман ги држи најбујните веѓи на сцената, Мурман е артист, шармантен поет, но исто така и шиткач на летечки килими, одметник, астронаут, кинднапер и спасител на женските срца воедно. Мурман е фудбалер, емигрант, карпа-човек.
Во придружба на првиот сопруг на неговата тетка Zauri de Makhtchkala и другар од детството Krikor Berdzenishvilli конечно решава на светот да му ја раскаже својата животна приказна на свој уникатен начин, на грузиски јазик. Мурман е роден помеѓу Црното и Каспиското море, во земја која повеќе не постои.
Денес Мурман e стациониран во градот на љубовта, светлината, модата, утре кујзнае каде ќе е… Во август Мурман за прв пат ќе е во Скопје, градот на Вардар, градот на… Вардар“.

MURMAN TSULADZE е повеќе од бенд, овој бенд е појава, овој бенд е experience.

ОНЛАЈН БИЛЕТИ