Enter the content which will be displayed in sticky bar

МATIAS AGUAYO  

Мatias Aguayo е роден 1973 година во Сантијаго Де Чиле, но себеси се смета како жител на целиот свет. Агуајо е еден од ретките артисти кои денес се стремат кон вистинска оригиналност во музиката која ја создаваат, нудејќи уникатна музичка визија која од моментот на создавањето ги предизвикува вообичаените очекувања од електронските артисти и диџеи.
Служејќи му како најголема инспирација за креирање на музика, неговата дискографска куќа Cómeme претставува логична еволуција на познатите BumBumBox журки, своевидно искуство и конкретна реализација на неговиот сон – да се воведе повторно општествениот аспект назад во центарот на настаните. Неговиот последен албум под издавачката куќа Kompakt, амбициозниот Ay Ay Ay издаден во 2009, како и неговите последни настапи со бендот, јасно го поплочуваат патот кон неговиот успех.
Cómeme претставува една нетипична заедница на луѓе и музичари кои преку своето несебично учество во споделувањето на заеднички интереси и идеали, откриваат нови начини на созадавање и дистрибуирање на музика, покажувајќи ѝ на сеуште присутната криза во музичката сцена дека постојат други начини.
Една е сигурно: било да е под Kompakt, Cómeme, или било која друга издавачка куќа, Aguayo крие многу изненадувања во својот ракав.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->IND.O.G<!--:-->

IND.O.G

2012
<!--:MK-->JUNE<!--:-->

JUNE

2012
<!--:MK-->VVHILE<!--:-->

VVHILE

2012

More Albums From: МATIAS AGUAYO

<!--:MK-->Здраво Млади 2012<!--:-->

Здраво Млади 2012

24/25 Мај МКЦ
JAZZ FM