Enter the content which will be displayed in sticky bar
<!--:MK-->ХАХАХА<!--:-->
Artist Name
ХаХаХа
Македонија

ХАХАХА  

ХАХАХА, последната трансформација на нескротливото, потентно и гладно за инди-рок трио. Бесни и гневни, но и далеку од лажните ветувања и напуштените соништа, ХАХАХА балансираат помеѓу адреналинот и инди емоцијата, посочувајќи ги скопските (не)прилики како нивен спиритус мувенс. Ретка е европската маршрута кадешто Васко, Џано и Трипе не се појавиле. Со овој бенд амбициозно ќе ја ролаат новата патека, претставувајќи ги скопските приказни, на скопски јазик и на скопски начин. Иако тоа не им е намерата, ХАХАХА веќе сега се совеста на заспаната младина, совест која пее за човекот кого Рацин го опејува, младоста и растењето кое повеќе го нема, сивомаслинестите и маскирните, независноста и одговорноста, презирот и постмевот, за твојот град… 
Зовриено за екстремно кратко време, нивното деби “Танго револуционер” за првпат во целост ќе биде фрлено токму пред публиката на Здраво Млади! Со овој абум ХАХАХА докажуваат дека е полесно да го отвориш срцето, одколку работите да ги направиш од стомак. За нив, времето во кое живееме е подготвено за промени: “Убиен за тањир супа, да не заборавиме, Одеса е за морнарите, дали и Скопје е?”. На 23ти април, на бината на МКЦ.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->THE NO SIN<!--:-->

THE NO SIN

2011
<!--:MK-->HEMENDEX<!--:-->

HEMENDEX

2011
<!--:MK-->KRIŠKE<!--:-->

KRIŠKE

2011
<!--:MK-->АДИ<!--:-->

АДИ

2011
JAZZ FM