Enter the content which will be displayed in sticky bar
5+ БЕНД – ЈУНИОР ПРОГРАМА

5+ БЕНД – ЈУНИОР ПРОГРАМА  

5+ Бенд ја сочинуваат омилените ликови Петко, Цветко, Лина, Комшо и сите останати од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, што веќе 10та година е во македонскиот етер. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации.
На фестивалот „Здраво Млади“, 5+ Бенд ќе ги изведат познатите хитови со милионски прегледи на YouTube Фамилија, Кул, Сите сме еднакви, и многу други со кои децата и родители ќе може да шизат и да уживаат во забавата.
Една од омилените преработени песни на децата е и песната Маскенбал, преработка на хитот „Здраво Млади“.
Се гледаме на 1 септември од 12ч. на „Здраво Млади“!

Билети за Јуниор програмата веќе во продажба по цена од 150 денари преку продажната мрежа на МК Тикетс и на Билетарница МКЦ.

*Напомена дека родителите кои имаат карта за вечерната програма на „Јуниор програмата“ влегуваат со истата (важи и за Јуниор и за вечерна програма), а за секое дете ќе треба да доплатат по 100 денари.
Овие билети можат да се набават САМО на Билетарница МКЦ и треба да се приложи карта за Здраво Млади која во моментов изнесува 600 денари.

JAZZ FM