Enter the content which will be displayed in sticky bar

Artan Lili  

Последната голема белградска поп-нојз атракција наречена Артан Лили конечно за првпат на големата бина на Здраво Млади. Веќе со самото појавување 2013. година со песната „Џони“ Артан Лили привлекоа голем интерес, како на публиката, така и на критиката. Со својата бескомпромисна ангажирана лирика и поп став, Артан Лили донесоа нов дух на сцената, предводен од алфа и омега на бендот – Бојан Слачала, пеачот и басистот на добропознатата белградска двојка Stuttgart online. Во сестринскиот бенд на Stuttgart online, покрај Бојан се и Романа Слачала – вокал, Драган Кнежевиќ – гитара и Марко Ајковиќ – тапани. Интересно, името на бендот настанало на кумановската железничка станица каде Слачала, вракајќи се од македонска турнеа забележал графит со името Артан кое веднаш била инспирација за нивното име. Во април 2014 го издаваат своето деби, за многумина колекција на првите големи хитови во регионот. Ако станемо ту, Испод коже, Сајко и Срце се само некои од нив кои ќе ги слушнете и видите на 7 јуни. Артан Лили порачуваат да бидете таму и ве повикуваат во првите редови. 

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM