contact@mkc.mk
        

BLANK MASS

BLANK MASS

BLANK MASS  

2016 беше страшна година, почнувајќи од пребрзото згаснување на музички величини, па до такви политички потреси, што реалноста со која денес се соочуваме пред неколку години би ни изгледала како невкусна шега. Ако некое чудовиште се разбудило тогаш тоа е диво незауздано, нагризувајќи ја цивилизацијата, сочувството и напредокот.

Во World Eater, Benjamin John Power – една половина од Fuck Buttons – со неговиот трет албум како Blanck Mass создаде конзервативно и репрезентативно издание за една година преплавена со гнев, насилство, забуна и фрустрација. „World Eater е истовремено референца за внатрешното чудовиште во луѓето, кое кога сме во „чопор“ нè попречува да се придвижиме кон доброто, и навраќање кон самите луѓе и нивното место на планетата Земја“. Ова го вели тој за внатрешното чудовиште што ја разјадува надворешноста: „Чудовиштето е мошне врзано за територија и насилно. Многу ми е јасно дека чудовиштето останува сè поприсутно и претставува закана. Мораме да го разбереме и да го контролираме чудовиштето пред да го испревртиме и уништиме светот“.

World Eater е потполно живо, замрсено и разјарено издание. Додека музички го фаќа гневот и лутината преку прогресијата на зашуштена електроника и фуриозни битови, поседува и нежна страна и помеѓу лутината положува и вистински љубовни песни. „Клише е да се каже, но постои нежна линија помеѓу љубовта и омразата“, вели Power за дихотомното постоење на изданието. „Состојбата да се биде опкружен со толку многу омраза во светот во моментов, фрла потполно нова светлина врз значењето на љубовта. Никогаш не сум размислувал да снимам бунтовно издание. Всушност, никогаш не сум имал цел на направам какво било издание, но за време на креативниот процес на ова и на кое било од моите минати изданија почнувам да создавам врска со самиот проект како што растеме и се формираме заедно. World Eater е мошне реакционарно, сметам дека љубовта обнови една лична рамнотежа“. Додека World Eater можеби е издание наменето како реакција на масовната, пренагласената хистерија и непредвидливост на 2016 како година и сигурно поседува дел од манијата и сонично удира со интензитет, сепак тоа е издание што оди подлабоко од едноставниот гнев и Power ја користи оваа прилика за да го истенчи својот вкус за ова издание, намерно служејќи се со ограничен број алатки. „Будејќи ги овие силни емоции со помош на минимални состојки навистина ме исфрли надвор од мојата комфорна зона и претставуваше исклучок од процесот на кој сум навикнат“ – вели тој за процесот. Така, покрај личните ограничувања поставени за да ги прошири сопствените музички хоризонти, главната цел на Power сè уште е креативниот производ, а не опремата што е користена за неговото создавање. „Лично, не ми е важно како нешто е направено. Фетишот кон опремата не ми значи ништо. Најважно е дека е чесно и дека е направено од љубовта кон создавањето и слободното изразување. Но ја обвинувам нашата култура на инстантно задоволување како причинител на искривувањето на нашата перцепција за она што е вистинско и чесно. Многу е лесно за луѓето да ги отфрлаат работите кога целосно не го разбираат процесот на нивното создавање. Понатамошното дистанцирање е факт дека можеш да продаваш глупости на масите ако вложиш доволно пари во гореспоменатата глупост.

World Eater е издание што изгледа како да минува низ жанрови со интензитет како што создава и различни опкружувања. На моменти удира со индустриски ѕвекот како да е дел од филмска дистописка класика, додека наместа распламтува со брзински битови и со тешки парчиња бас што изгледаат клаберски, додека пак на моменти повторно има магловити продирања и мрачен амбиент. Низ седум траки се развива едно емозионално разнообразно и густо издание што поставува приближно исто прашања колку што и одговара. Издание истовремено зачнато и во страв и во надеж, можеби соодветен знак за она што го носи иднината, како што вели Power, „…И надежта и стравот се делови од нашиот човечки конструкт, но начинот на кој реагираме на овие чувства е она што ме засега – да го сфатиме чудовиштето или да станеме чудовиште“.

АРТИСТИ 

CAMERA

CAMERA

2018
KANAL 103