Enter the content which will be displayed in sticky bar

CAMERA  

Удар како пулс на двајца љубовници што бегаат од банда насилници расисти – звукот е див, но од него протекува очигледна ненадминлива внатрешна сила. Оваа тензична арка е домашен терен за Camera.

Берлинскиот бенд со право е споредуван со иконите на kraut рокот од седумдесеттите како Neu! и La Düsseldorf, со стегнат и моќен звук, иако тие, сè уште, на одреден начин се непредвидливи. Тешко дека кој било друг бенд знае како да создаде мутација од ситни музички нијанси кон вулкански ерупции како што знаат тие. Camera е мотор што работи под полна пареа, што може да експлодира во секој миг. Еднаш ако тргнете на ова лудо патување, ќе бидете фасцинирани од наизменичното струење, некаде помеѓу наглиот наплив и пресвртот што исфрла од колосек. Каскадите од звук носат матна слика на безгранична желба за бунтување, што во секој миг е под закана да заврши на чистилиште, иако е проколната да биде безмалку неуништлива.

Michael Drummer е неверојатниот индијански белец што тропа на тапаните на секој настап како да сме среде инкарнациски ритуал од 17-тиот век. Во Steffen Kahles, кој доаѓа од светот на филмската музика, тој го наоѓа музичкиот ортак што бил потребен да се збогати племенскиот kraut бит со разнообразни мотиви и јадри звуци. На третиот алум на Camera, насловен „Phantom of Liberty“, можеме да слушнеме умно ползување на игриви звуци како сајзери што нѐ фрлаат назад кон компјутерските игри од времето на Commodore 64 и далечната 1984 година, или малку чудни типки, како да се создадени со смислено манипулирање со брзината на стар магнетофон. Со албумот „Phantom of LibertyCamera покажуваат дека созреваат уште повеќе и дека стануваат посложени без да загубат ни дел од нивната огромна енергија.

JAZZ FM