Enter the content which will be displayed in sticky bar
ДЕМЕК

ДЕМЕК  

Демек е експериментален пост-поп бенд од Скопје. Преплашени од постколонијализмот и со високооктански оптимизам, Демек од својата музичка полица ги вадат своите апстрактни и жилави битови и во 2013 година почнуваат да творат во форма на музички протест против митскиот и монолитен свет околу нив.

Карактеристика на нивната музика се електронскиот експеримент и мешањето на различни жанрови (freestyle, anti-folk, avant-garde, jazz, psychedelia, neo this/neo that, homemade noises, showtunes, exotica, super eurobeat, found sound, drones и spoken word collages).
Со деби изданието „Сите пари на светот“ (2015, kritika.mk 008) ја унифицираат светската опсесија по новата библија – парите, а со минатогодишното „На вечера кај субординансот Апокалипсо“ [2016, kritika.mk 024] дискретно го поставуваат концептот за „почетокот на крајот“.

Демек е симфоничен шум и саундтрак за љубовната историја на арогантниот свет.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
TAPAN

TAPAN

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
К-X-P

К-X-P

2017
JAZZ FM