Enter the content which will be displayed in sticky bar

ELECTRICITY IN OUR HOMES  

Тие се викаат Electricity in our homes и доаѓаат од Лондон, Англија. Прагматични во своите видици и во својот звук и концизни во своите настапи, тие честопати се движат на границата на поп хаосот. Electricity In Our Homes е бенд кој знае да „игра“ со жанровите на начин кој воодушевува.
На трагите на Talking Heads, Sonic Youth, Captain Beefheart и Can звукот бендот создава минималистички волшебна гротеска ослободена од комерцијалниот вирус. Electricity in our homes емитуваат еклектична енергија и сурфаат на бизарен, поп ориентиран ритам. Guardian ќе ги нарече арт-фанк, пред се поради нивната агресивно-нежна спонтаност во создавањето музика.
Имаат издадено 5 EP изданија и еден албум наречен Dear Shareholder. Бендот не може да го најде вистинскиот издавач, па до сега имаат издавано за Modern Pop, Too Pure, Waks, PLR, Sweatshop па дури и едно издание за 4AD.
Едно е сигурно – Electricity in our homes се поп со поинаква перцепција. Во Скопје настапуваат за првпат.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->IND.O.G<!--:-->

IND.O.G

2012
<!--:MK-->JUNE<!--:-->

JUNE

2012
<!--:MK-->VVHILE<!--:-->

VVHILE

2012
JAZZ FM