Enter the content which will be displayed in sticky bar

ERIC COPELAND  

Copeland е експериментален музичар од Бруклин и постојан член на Black Dice. Тој е дел и од дуото Terrestrial Tones, заедно со Avey Tare од Animal Collective. Неговото прво соло издание излегува во 2007 за Paw Tracks, заедно со неговото комплетно LP издание Alien in a Garbage Dump, на иста плоча. За следното негово дело, сепак господинот Copeland влегува во игра со одличните DFA и го издава LP-то Joke in the Hole (2013) и до ден денес продолжува да снима и за DFA и за неколку други најнови етикети како Escho, Underwater Peoples Records L.I.E.S.
Негово последно издание е Jesus Freak LP
Овде тој продолжува по неговиот пат на деконструкција создавајќи траки од исфрлени семплови, уништени loop-ови и контролиран хаос. Факт е дека не е лесно „слушлива музика“, но Copeland некако успева да се извлече со неговите испревртени поп сензибилности, исползувајќи од калта и успева „да се спружи“ под сонцето. Jesus Freak е истовремено и привлечен и конфузен со испрекршени вокални замки и испревртени бучави наоколу. Ова е најдобро отсликано на последната трака Billy Goat, која може да биде резимирана како психоделија од реднечка усна хармоника што бесцелно плива низ загадена река. Само што сте помислиле дека Jesus Freak ве потсетува на нешто познато, за секунда станува страно и недопирливо, а набрзо потоа станува збунувачки блиско и познато.

JAZZ FM