Enter the content which will be displayed in sticky bar

Gonjasufi  

Од Лас Вегас ни доаѓа јога учителот со глас може да се опише како “timeless, incredible filth”; човекот кој смета дека на Канје Вест и сите други кои прават иста глупава ауто-тјун музика треба да им се забрани да снимаат. Електричниот Хенрикс – Sumach Ecks Valentine ака Gonjasufi со албумот A Sufi and a Killer (Warp Records, 2010) им зададе главоболки на сите оние кои сакаат секоја музика да ја стават по фолдери. За овој албум ќе напишат дека е (спремни сте?) “обвиткан со ковчести аналогни звуци и облак од индустриска хидрофонија, кој на прво слушање ги има следните влијанија: турски psych rock, Gnarls Barkley поп сензибилитет, ритам траки од Isaac Hayes, пан глобализам како оној на MIA, Џими Хендрикс, малку acid folk, crate-digging стил како на DJ Shadow, соничен авантуризам како на Bollywood пионерот RD Burman, рапавите вокали на раперите New Kingdom и извртениот параноичен соул кој е типичен за продуцентите на неговиот албум – Flying Lotus, The Gaslamp Killer and Mainframe” (Malik Meer за The Guardian). Вокалистот, продуцент, актер, DJ, јога учител и заљубеник во Џими Хенрикс, за себе ќе каже дека е само обичен човек кој поминал низ многу работи во животот. Запрашан што би мислел Хенрикс за неговата музика доколку би можел да ја слушне, скромниот Sufi вели “This shit sucks”. Oстанува да видиме што ќе мисли Скопје по Здраво млади за неговата експериментална фузија на урбани битови и психоделија. Задолжително!

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM