Enter the content which will be displayed in sticky bar
KING KHAN & THE SHRINES

KING KHAN & THE SHRINES  

Во 1999 г. King Khan, канадски garage-punk музичар, решава да изгради нов музички храм во Берлин. Основан е осумчлениот бенд по име The Shrines, коишто заедно со King Khan почнуваат да го шират нивниот хиперсексуален госпел низ светот, ја шекнуваат публиката во Германија и ги бие глас за една од најзабавните групи уште од времето на дуото на Ајк и Тина Тарнер.

Облечени во нивните церемонијални костими, King Khan and the Shrines, се нешто повеќе од обична психоделична соул ревија – замислете си го Rocky Erickson да настапува со Sun Ra Arkestra или Wilson Pickett да биде фронтмен на The Velvet Underground, облечен во златен плашт што го обвива светот, боливудски James Brown што чита на тарот карти што сам ги направил (КОЈ ГО МОЖЕ ТОА!?)

Како вонбрачно чедо на митските ликови Анубис и Кали, King Khan & The Shrines имаат „сквернавено“ безброј бини низ светот и познати се по тоа што често ја втурнуваат публиката во запотена оргија. Ако ви треба музичко спасение, ако вашата душа бара вистинска прошка, тоа е тоа… Нека King Khan & the Shrines ви го запоседнат умот, телото и душата за да ви ги залечат сите рани.

King Khan & The Shrines свират на повеќе реномирани фестивали меѓу кои и ATP, Coachella, Sasquatch, Pitchfork and South By Southwest. Оттаму, Lou Reed и Laurie Anderson ги канат во 2010 г. да настапуваат на Vivid festival во сиднејската опера.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
ДЕМЕК

ДЕМЕК

2017
TAPAN

TAPAN

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
JAZZ FM