Enter the content which will be displayed in sticky bar
KITE BASE

KITE BASE  

Kite Base е електронско дуо од Лондон, составено од две бас-гитари, вокали и електроники; комбинираат мајсторија од поп со органска бучава. Името потекнува од оригами уметноста.  Ги опишуваат како експериментална електронска музика со тврда рок подлога и повремени поп проблесоци. Проект во кој учествуваат Ayşe Hassan, басистка во Savages и Kendra Frost од пост-панк бендот Blindness. Звукот е мрачно избрусен и ритмички исполнет, токму како што би очекувале од некој што е дел од Savages, но вокалната игривост влегува под кожа токму како industrial noise звукот. Нивниот крајно впечатлив звук содржи сè и сешто, почнувајќи од урбаната софистицираност на Stereolab, жестината на PJ Harvey, па до уметничката мрачност на Radiohead и детинестата игривост на Sufjan Stevens.

Нивната неодамнешна преработка на „Something I Can Never Have“ од Nine Inch Nails, наиде на пофалба и од самиот Trent Reznor.

„Transition“, е најновата најава од претстојниот деби албум Latent Whispers, кој излегува во мај 2017 годинапо неколкуте песни како „Dadum“, „Miracle Waves“, „Soothe“ и онаа прекрасна преработка на NIN, кои привлекуваат десетици илјади преслушувања и внимание од медиуми како Гардијан, KEXP, NME Magazine и Stereogum, со пофалби за нивниот иновативен пристап кон музиката.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
ДЕМЕК

ДЕМЕК

2017
TAPAN

TAPAN

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
JAZZ FM