Enter the content which will be displayed in sticky bar
<!--:MK-->KONRAD KUECHENMEISTER<!--:-->
Artist Name
KONRAD KUECHENMEISTER
Germany

KONRAD KUECHENMEISTER  

Конрад Куехенмајстер е роден 1982 година во Дрезден, Германија. Уште на четиригодишна возраст станува зависник од музика. Неговиот татко бил музичар и имал соба полна со инструменти – соба која ќе стане вистинско игралиште за Конрад. На 22 години добива шанса да се приклучи на американскиот бенд „Regatta69“ како клавијатурист и со нив оди на турнеи низ Европа, САД, Англија и Швајцарија. Конрад навистина уживал да свири со момците, но наскоро се почувствувал ограничен бидејќи свири само на еден инструмент. Тој сакал повеќе од тоа. И можел повеќе… Во пролетта 2006 година го открива Loopstation (на почетокот тоа беше моделот RC20XL). Опремен со батерија за автомобил, засилувач на звук, неговиот loopstation и неколку инструменти тој настапуваше низ Берлин како уличен музичар. Потоа од своите импровизации разви песни и создаде шоу. И набрзо потоа добива шанса да настапи на сцена. Веројатно еден од најголемите успеси во неговата кариера како соло музичар е турнејата „BerlinLoopBrasil“, летото 2008 година. Турнејата „BerlinLoopBrasil“ одеднаш се претвора во проект и поради големата бараност целиот проект настапува уште седум пати, меѓу кои и еднаш како предгрупа на концертот на Ману Чао во „Arena Brasila“.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->CHINAWOMAN<!--:-->

CHINAWOMAN

2013
<!--:MK-->FM Belfast<!--:-->

FM Belfast

2013
<!--:MK-->THE JOHN<!--:-->

THE JOHN

2013
<!--:MK-->Bitches<!--:-->

Bitches

2013

More Albums From: KONRAD KUECHENMEISTER

<!--:MK-->Здраво Млади 2013<!--:-->

Здраво Млади 2013

17. Мај МКЦ
JAZZ FM