Enter the content which will be displayed in sticky bar
К-X-P

К-X-P  

K-X-P доаѓаат од Хелсинки, Финска. Нивниот звук вклучува електроника, краут влијанија, нојз, рок, но и техно примеси, склопени во хипнотичен и минималистички грув со референци од бендови како Spaceman 3, Vangelis, This Heat, 23 Skidoo, Suicide и Neu!.

K-X-P се “совршена синтеза од диско сјај со ритуално наздравување од черепи” (Q Magazine).

Носејќи го товарот на “неверојатно ритмични, дури параноично – мрачни диско ритми со длабока моторика” (Pitchfork), К-X-P се дефинираат како “анти-бенд”.

Постојани членови на групата се Timo Kaukolampi (вокали, сајзер), Tomi Leppänen (тапани), Ilari Larjosto (тапани), Anssi Nykänen (тапани) и Tuomo Puranen (бас).

Бендот е познат по гласните, шамански, трансцедентални, повремено импровизирачки концерти во живо, со репетитивни звуци на тапан со металски интензитет.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
ДЕМЕК

ДЕМЕК

2017
TAPAN

TAPAN

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
JAZZ FM