Enter the content which will be displayed in sticky bar

Lepi Xhoni  

Директно од скопските улици на Здраво Млади за првпат ќе настапи Lepi Xhoni, алтер егото на психоделичните сурф-диско-панк рокери The John. Зад соло проектот Lepi Xhoni се крие Љупа Ангелов и неговите нераскажани приказни во неговиот матичен бенд The John. Љупа како Lepi Xhoni овојпат настапува сам со својата примитивна looper машина, раскажувајќи ги сировите и искрени скопски приказни во добропознатиот негов стил на комбинирање на изворниот гаражен рокенрол на седумдесеттите и оригиналната модерна скопска трубадурска поезија. Својот прва колекција „Песни“ Lepi Xhoni ја реализира во октомври 2013-та за сопствената дискографска куќа Jesus Pill & Balam, во соработка со братската PMG Recordings, мини албум со пет полнокрвни аудио парчиња. Година подоцна ја издава „Девојко, љубов ми вети ти“, посветата на Драган Ѓаконовски-Шпато. Фолдерот со нови песни на Ангелов од ден на ден се зголемува, пишува текстови и музика, самиот ја снима и е продуцент на материјалот, вистински современ „направи сам“ проект. Lepi Xhoni оваа година ќе го отвори фестивалот Здраво Млади и ќе настапи со нови скопски приказни. Бидете таму.

 

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
JAZZ FM