Enter the content which will be displayed in sticky bar
METZ
Canada

METZ  

„Она што се случува кога некоја неодолива сила ќе се сретне со неподвижен објект“ е често користената метафора за музиката и настапите во живо на METZ – noise rock бенд од Торонто (Канада). Непосредноста им е заштитен знак, а ако од нивната музика ви заигра утробата, значи дека METZ ја постигнале својата цел. METZ ја започнаа својата музичка авантура со деби-албумот “METZ” за Sub Pop во 2012 година, поточно четири години по нивното основање. Овој албум на гитаристот и вокалист Алекс Едкинс, басистот Крис Слорач и тапанарот Хајден Мензиес, се најде на листата на 2013 Polaris Music Prize. Најавата за неговиот следбеник – II, стигна во февруари со синглот и видеото за песната “Acetate”. Албумот снимен со многу нови инструменти – баритон гитара, пиано, најдени звуци… а ќе биде објавен на 4ти мај – само месец дена пред нивниот настап на овогодинешниот Здраво млади фестивал. Според членовите на METZ, во музиката нема правилно или погрешно направена работа, важно е таа само да ве натера да се чувствувате добро. Останува да се препуштиме на неодоливата сила да нè обземе.

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM