Enter the content which will be displayed in sticky bar

Moodswinger  

Еден од основачите на Belgradeyard Sound System колективот, активен на српската и интернационалната независна музичка сцена и култура од 1998, денес под ново руво како Dis-patch Collective. Во 2002 е соосновач на Dis-patch фестивалот за современа музика и уметност која презентираше современи уметници од повеќе од 20 земји на локалната и регионалната публика во временски период од 10 години. По замрувањето на годишниот фестивал, Dis-patch продолжува да функционира како кураторски/продукциски колектив кој реализира програми и уметнички проекти, работејќи со многу истомисленици, уметници и разни иницијативи. Како изведувач, Moodswinger бил дел од бендот Belgradeyard кој има настапувано на повеќе фестивали и има направено турнеја низ Европа во средината на 2000-та, за конечно пред една година да го објават својот албум „Lost“ (кој може да се симне во целост на www.lostbelgradeyard.com). Настапува како DJ од 1999-та, на почетокот заедно со DJ тимот BGYSS, а во последните неколку години како Moodswinger, со повремени настапи како George Michael Jackson. Движејќи се меѓу овие две работи и навраќајќи се на електрицизмот на Belgradeyard е редовна појава во неговите сетови, па бидете спремни.  

Subuhum Kudusum Veruhum Mix for ESH by Dj Moodswinger on Mixcloud

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM