Enter the content which will be displayed in sticky bar
Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp
Switzerland

Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp  

Бендот чие име никогаш нема да го запомните, започна да ја пишува својата биографија во експерименталниот простор Cave12 во Женева. Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp го сочинуваат шест члена – поранешни членови на Dog Faced Hermans, Spaceheads, Headache и CreveCoeur. Нивното име е знак на почит кон традиционалните африкански групи и, како на Marcel Duchamp – големиот дадаист и еден од најголемите уметници на сите времиња. Но, критичарите за овој бенд ќе кажат дека Marcel Duchamp не е само инспирација за името, туку и модус вивенди на Orchestre Tout Puissant Marcel Duchamp, а бидејќи тие со нивната музика го прават истото што големиот уметник го правел со своите дела – ги поместуваат конвенционалните граници на уметноста. По ОТР (2007) и The thing that everything else is about (2010), во 2014 година ни пристигна и нивниот трет албум Rotorotor, продуциран од Џон Париш, снимен во Toybox Studio во Бристол. Овој албум е опишан како футуристички традиционализам. Тоа е авантуристичка музика изразена преку речити, игриви и смешни поп песни во кои членовите успеале да ги искобинираат празнувањето и војувањето со свадбени танци и повици на бој. Едно е сигурно, OTPMD се несекојдневно музичко искуство.

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM