Enter the content which will be displayed in sticky bar

Prinzhorn Dance School  

Танцовата школа на Принц и Хорн повторно на Здраво млади! Два дена пред објавувањето на нивниот најнов албум Home Economics, дуото Tobin Prinz и Suzi Horn, чија философија е “Ние ги земаме и снимаме звуците од нашата глава, па ако им е се допаѓа на луѓето супер, ако не… ништо” доаѓаат да нè потсетат на феноменалниот настап од 2012 година на Здраво Млади и да ни дадат мала ексклузивна промоција на неколку песни од новиот албум. Започнаа од мала напуштена црква, а стигнаа до бенд за кој велат дека е “најмалку комерцијално-подобниот бенд кој било кога потпишал за голема издавачка куќа – ЕМI”. Како? Преку бескомпромисна, оригинална, сурова и идиосинкратска музика. Но, ова не е лартпурлартизам. Ова е тврда минималистичка музика во која нема место за она што едноставно не функционира, бидејќи сè мора да има свое зошто и затоа – од бас линиите, до секоја чудно-отсвирена жица на гитара, а тие се специјалност на бендот чиј албум “Class Clay” беше прогласен за еден од најдобрите 120 албуми на сите времиња од весникот Сандеј Телеграф, кој сè уште звучи многу свежо!

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM