Enter the content which will be displayed in sticky bar

PRINZHORN DANCE SCHOOL  

PRINZHORN DANCE SCHOOL е музичкиот назив на Тобин Принц и Сузи Хорн. Дуото ја создава својата музика во една напуштена црква во Британија, од каде црпи инспирација и за своите визуелизации и видеа.
Нивниот деби албум е издаден под њујоршката DFA Records (во Британија – EMI). Тој чекор го поттикна британскиот Гардијан да ги опише како „најмалку комерцијалниот бенд кој некогаш потишал за голема издавачка куќа”. Принц и Хорн прават музика која е ретка, оригинална, бескомпромисна и ексцентрична. Но никогаш под условот ‘само колку да ја направат’.
Иако дуото сами создаваат и снимаат својата музика, нивниот деби албум го промовираат на турнеите заедно со уште три членови на бендот. Во 2008, PDS беа хедлајнери на Experimental Circle стејџот на Офсет Фестивалот. Од неодамна, бендот ја комплетира и својата турнеа во Велика Британија и Европа, со идни букирани датуми во САД. Иако Принц и Хорн често се појавуваат во популарните медиуми, тие преферираат да се концетрираат на својата музика и визуелна уметност. Во 2008 година, песната “You Are The Space Invader” е искористена за трејлерот на HBO Cinemax за филмот Transformers, а во меѓувреме, весникот Сандеј Телеграф го вклучува деби албумот на Prinzhorn Dance School во листата на најдобри 120 албуми на сите времиња.
Бендот го издаде новиот албум Class Clay за DFA Records на 31.01.2012. Свежо, свежо!

АРТИСТИ 

<!--:MK-->IND.O.G<!--:-->

IND.O.G

2012
<!--:MK-->JUNE<!--:-->

JUNE

2012
<!--:MK-->VVHILE<!--:-->

VVHILE

2012
JAZZ FM