Enter the content which will be displayed in sticky bar

REBOLLEDO  

Rebolledo е роден и израснат во Ксалапа, братско Мексико и ја започнува својата кариера како DJ во 2002. За кратко време прераснува во еден од најбараните и најпознатите резидент диџеи на легендарниот клуб Сантанера во Плаја Дел Кармен на мексиканскиот залив Таму. Rebolledo го развива својот звук и неговиот стил на презентирање, миксање на нови и ретро денс траки, носен од постојаниот грув на диско музиката. Чувствувајќи потреба да ја поврзе музиката која ја пушта во клубовите, Rebolledo креира свои груби и остри ритми, а набргу станува член на издавачката куќа Cómeme (чиј основач е Aguayo), како резултат на нивното пријателство и заеднички труд. Откако дебитира под издавачката куќа Cómeme, со неговиот ултра популарен андерграунд клубски хит Pitaya frenesi, го издава своето прво соло 12’’ ЕП – “Guerrero”. Не смее да се заборави и неговиот проект Pachanga Boys заедно со Superpitcher. Минатата година Rebolledo го издава одличниот албум Super Vato за култната германска издавачка куќа Kompakt. Албумот доживеа одличен успех и одлични критики како од медиумите, така и од публиката која од ден на ден е се побројна.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->IND.O.G<!--:-->

IND.O.G

2012
<!--:MK-->JUNE<!--:-->

JUNE

2012
<!--:MK-->VVHILE<!--:-->

VVHILE

2012

More Albums From: REBOLLEDO

<!--:MK-->Здраво Млади 2012<!--:-->

Здраво Млади 2012

24/25 Мај МКЦ
JAZZ FM