Enter the content which will be displayed in sticky bar
SLOWDIVE

SLOWDIVE  

По 22 години, во јануари оваа година, митскиот shoegaze бенд Slowdive се враќа со песната „Star Roving“, нивни прв нов материјал по албумот Pygmalion во 1995 година. Работена во постава: Neil Halstead (вокали, гитара, клавијатури), Christian Savill (гитара), Nick Chaplin (бас), Rachel Goswell (вокали) и Simon Scott (тапани, електроники), таа ја отелотворува неупорноста по која Slowdive се познати – како што тече песната, таа се развлекува и собира во насоки што наизглед водат кон бескрај.

Во 2014 г., Slowdive објавуваат дека одново се собрале и дека од нив ќе следува уште нова музика. Свират неколку концерти во Лондон и настапуваат на Primavera пред да тргнат на светска турнеја.
Halstead вели, „Кога бендот одлучи да се собере одново во 2014 г., ние навистина сакавме да создаваме нова музика. Тоа нè чинеше еден куп концерти и неколку неуспешни почетоци за да стигнеме дотаму, но со гордост и трема ја објавуваме „Star Roving“. Таа е дел од повеќе нови песни што ги работевме и истовремено е и забавно и на место, т.е нормално функционирањето како бенд, онака како што беше во раните почетоци. Се надеваме дека луѓето ќе уживаат“.

Во март 2017 со нова песна насловена Sugar For The Pill, најавуваат нов албум насловен по името на бендот, што треба да излезе на 5 мај.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
ДЕМЕК

ДЕМЕК

2017
TAPAN

TAPAN

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
JAZZ FM