Enter the content which will be displayed in sticky bar

Sürtükler  

Surtukler, ново име на скопската музичка сцена. На Здраво Млади ќе имате прилика да го слушнете премиерно материјалот на овој нов трочлен состав, кој наскоро ќе биде реализиран како ЕП самоиздание. Суртуклер ја започнуваат својата музичка авантура во 2013 во подземјето на скопските гаражи. Бендот го сочинуваат Самир Карахасан (тапани), Ертунч Сали (гитара) и Стефан Николовски (бас гитара).
Поаѓајќи од сознанието дека тројцата се ликовни уметници и графичари, напоредно и нивната музика се развива како боја која бавно се провлекува низ печатарска форма.
Тие го опишуваат својот звук како „гаражен панк со елементи на сурф-рок и стонерски-акорди“ кои одново нé навраќаат на нивниот настапот на Бош-фестивалот: “…несвесно празнење на умот хранет од суровата абразивност на скопскиот бетон, шареното ѓубре и маите, скапи конзерви надеж, танцувајки со бесот во длабочините на етерот. Surtukler! Не сака промена, сака крај!”

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM