Enter the content which will be displayed in sticky bar
TAPAN

TAPAN  

ТАPAN е продукциско дуо од Белград на Небојша Богдановиќ (Schwabe), и Горан Симоноски – коосновачот на Dis-patch фестивалот и продуцентот на проектите Belgadeyard Sound System, Piece of Shh, како и бројни театарски музички дела. Двајцата продуценти заземаат место на белградската сцена уште од 90тите, а сега ги здружија силите и богатото музичко искуство во правец на издавање на песни со уникатни обележја.

Тие имаат издадено три EP изданија, со барем уште толку во исчекување за оваа и следната година. „Volumes” беше издаден на крајот од 2015 во издаваштво на Scott Fraser’s Crimes Of the Future, додека второ „The City” излезе за WT Records. Обете изданија привлекоа внимание на подиумите ширум светот, а беа ремиксани од страна на неславниот холандски продуцент Drvg Cvltvre, додека Black Merlin има работено на најновото издание насловено „Tarantella” за Malka Tuti од Израел.

Сепак, Tapan не е класичен техно проект, и одскокнува од сите препознатливи категоризации. Проектот еволвираше во полн квартет, кој образува врски помеѓу електронските звуци, џез импровизации и уникатен пулс на ориентализам.

АРТИСТИ 

33.10.3402

33.10.3402

2017
WoO

WoO

2017
ДЕМЕК

ДЕМЕК

2017
KREIDLER

KREIDLER

2017
К-X-P

К-X-P

2017
JAZZ FM