Почнуваат со работа во 2008 г. како креативен проект на Craig Dyer. The Underground Youth во своите изданија, се движат помеѓу мрачна филмска психоделија и суров пост панк. Од 2012 г. бендот има остварено бројни долотрајни турнеи низ Европа, концертите постојано им се распродадени и насекаде добиваат пофалби за нивните фестивалски настапи. Преку независната издавачка етикета Fuzz Club Records имаат објавено 5 ЛП и 3 ЕП изданија, сите досега распродадени и препечатени во нови тиражи.
Бендот неодамна се пресели од Манчестер во Берлин, каде што го снимија албумот What Kind Of Dystopian Hellhole Is This?, којшто излезе на 15 февруари оваа година. И на претходните, и на овој албум, тоа што е најкарактеристично за The Underground Youth е нивната способност да создадат мрачен спој помеѓу психоделија, пост-панк, берлински chillwave, goth и schoegaze, но сепак, сето тоа преточено со dream-pop сензибилитет. Нивната комбинација од бучава, сурова енергија и привлечни мелодии доведува до ункатно доживување на нивните настапи, што не е за пропуштање.
Концертната постава на бендот во моментов се состои од: Craig Dyer (вокали, гитара), Olya Dyer (тапани), Max James (бас) и Mark Vernon (гитара).