Enter the content which will be displayed in sticky bar

Ti  

Милениците на македонска публика, Илија Дуни и Трајче Николовски, познати како Ти, повторно на Здраво Млади. Психоделичното поп дуо, од самото четиригодишно постоење на бендот, со адреса во Белград, за кратко време станаа култна појава во регионот. Со својата непосредност, уникатна поетичност и експериментален музички израз, со многуте избори за албум на годината и постојано концертирање, Ти се здобија со статус на „новите неприкосновени поп балкански легенди“. Нивната музика, која доаѓа од дневната соба од станот на Илија, каде заедно со Трајче ги создадоа песните од трите досегашни изданија „Колико дана“ (ЕП, 2013), „Видимо се (2014), како и последниот албум, објавен во април годинава „Живот у двоје“, ја покажува емотивната и разголена душа на нивната поетика која сé помалку се среќава на овие простори. Гитара, два гласа, електронски тапан, еден куп педали, вистински зборови на вистинско место и грижливо избрани заразни ноти, тоа се Ти, на 7-ми јуниа на Здраво Млади.

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM