Enter the content which will be displayed in sticky bar
<!--:MK-->ULRICH SCHNAUSS<!--:-->
Artist Name
Ulrich Schnauss
Германија

ULRICH SCHNAUSS  

Роден во Германија, а веќе со години лондонски артист, продуцентот, ремикс вундеркиндот и синтисајзерски гениј Ulrich Schnauss создава раскошна електроника која не можете да ја вметнете во ниту еден жанр, па и новинарска фиока. Неможејќи да наиде на музички истомисленици, неговата визија за музиката дополнително се ослободува со откривањето на сајзерот, кој му овозможува да креира повеќеслојни композиции, обидувајќи се да ја “пренамени естетиката на shoegazing-от во електронски контекст”. На прво слушање воздигнувачка и нереална, музиката на Улрих комбинира повеќеслојни сајзери, медитативен ритам, етерични вокали и пред се, емоции. Овој харизматичен креативец дебитира во 2001. година со Far Away Trains Passing By, а неговите албумски следбеници A Strangely Isolated Place (2003) и Goodbye (2007) го запечатуваат неговиот статус на најшармантната нова електроника, поместувајќи ги традиционалните граници на овој музички жанр. Неговите алтер ега – Ethereal 77, View to the Future, Hexaquart, Police in Cars with Headphones и Hair се уште еден доказ за неговиот соничен спин.  Кога Brian Eno, My Bloody Valentine и Kraftwerk би се предизвикале на сешн, би звучеле токму како Ulrich Schnauss. Проверете… на 22. април во МКЦ.

АРТИСТИ 

<!--:MK-->THE NO SIN<!--:-->

THE NO SIN

2011
<!--:MK-->HEMENDEX<!--:-->

HEMENDEX

2011
<!--:MK-->KRIŠKE<!--:-->

KRIŠKE

2011
<!--:MK-->АДИ<!--:-->

АДИ

2011
<!--:MK-->NASEKOMIX<!--:-->

NASEKOMIX

2011
JAZZ FM