Enter the content which will be displayed in sticky bar

Vlasta Popić  

Што да правиш кога имаш 20-ина години, знаеш да пееш и да свириш, а притоа сакаш да му кажеш важни работи на светот? Формираш бенд. Токму тоа, пред 8 години го направија, Vlasta Popić, панк-поп дружина од Вараждин, Хрватска. По неколкуте промени, тие денес се: Тена Рак (тапани, вокал), Димитриј Петровиќ (гитара/вокал) и Иван Шчапец (гитара/бас, вокал). По деби ЕП-то „Najjača ultimativna mašina za ubijanje“ (јануари, 2010), во 2012 година го издаваат нивниот деби албум „Za očnjake“, кој веднаш се најде на многу регионални листи на најдобрите албуми таа година. Во последните три години тие имаат речиси 200 настапи во државите од регионот, но исто така и во Чешка, Полска, Австрија, Унгарија, Словачка, Германија, Холандија, Франција, Италија и Белгија. Во февруари 2014, објавија албум во живо од soldout концертот во Загреб „live @klub“, за да во јануари оваа година се појави нивниот најзрел албум досега „Kvadrat“ (Moonlee Records/Словенија, Numavi/Австралија, VOX Project/Франција), кој премиерно ќе можете да го почувствувате на Здраво Млади. Во нивната музика има сé што треба да има млад ангажиран бенд, од бунтовност до поетика, со вистински влијанија од 80-тите и 90-тите години, но и современи музички тенденции, кои единствено можете да ги почувствувате на нивните концертни настапи. Оваа година најавуваат голем европски поход, а Здраво Млади е задолжителната дестинација.

АРТИСТИ 

Кир

Кир

2015
RIB

RIB

2015
Lepi Xhoni

Lepi Xhoni

2015
JAZZ FM