Вукан Ѓелиќ aka WoO е гитарист од Белград и член на бендовите Dol, Halftones, Belgrade Noise и Buran. Почнува со свирење во почетокот на 90-те со бендот Off. Експериментирањето со различни гитарски техники го наведуваат да продолжи со истражување на разнообразни звучни светови на електричната гитара, па така почнува дома самостојно да снима свои траки. Набрзо, сосем случајно, почнува да користи мобилни телефони, далечински, стари плеери, компјутерска опрема, хард дискови и камери, за да створи што е можно поаналогна и природна автентична електроника.
Во 2005, првпат настапува во живо како WoO на Dis-Patch фестивалот во Белград. Во 2007 издава прв официјален албум, насловен Mobi Rock за словенечката rx:tx. Во наредниот период соработува со повеќе европски и локални музичари и свири голем број концерти наоколу.