contact@mkc.mk
        

WOODEN SHJIPS

WOODEN SHJIPS

WOODEN SHJIPS  

Четворката со мистериозното име Wooden Shjips свири минимален, бучен вид на гаражна психоделија со забележително влијание од kraut рокот. Вокалите на бендот се провлекуваат меѓу бранови од пулсирачки минималистички ритми, додека дисторзираната гитара и пискавите органи се јавуваат во преден план. Групата започнува со работа во Сан Франциско во средината на 2000-тите години како D.I.Y. потфат, снимајќи и издавајќи музика во сопствена режија пред да го привлечат вниманието на издавачки етикети како Sub Pop и Holy Mountain. Во 2011, потпишуваат за Thril Jockey и за прв пат почнуваат да снимаат во вистинско студио, што резултира со нивното најшироко и најдинамично издние дотогаш. Фронтменот Ripley Johnson паралелно е посветен на Wooden Shjips и еден друг етаблиран psych-rock израз со име Moon Duo.

Најраната инкарнација на Wooden Shjips беше фокусирана на идејата за собирање неискусни музичари за целите на создавање на иновативна музика, донесувајќи свежи идеи и разуздан ентузијазам. До 2006 година бендот се потпираше на константна постава во која членуваа Dusty Jermier на труба и бас, тапанарот Omar Ahsanuddin, органистот Nash Whalen и гитаристот и вокал Johnson. Бендот дебитираше со 10” ЕП плоча насловена Shrinking Moon for You, која што ја поделија како бесплатно издание. Откако добиваат неочекувани позитивни критики, меѓу кои и една од Rolling Stone, The Shjips издаваат два дополнителни сингла, меѓу кои и „SOL 07“, а приходите од нив беа донирани на организацијата за борба против гладот „Храна, а не оружје“. Издавањето на сингловите беа прославени со настап пред психоделичниот легендарен артист Roky Erickson. Тоа беше нивниот втор вистински настап по основањето на бендот.

Wooden Shjips го снимаат нивниот прв албум насловен по бендот од март до мај 2007 година. Го издаваат за мала авангардна етикета, Holy Mountain, и продуциран е од Johnson и Jermier под нивните псевдоними како продуценти – Tedrick G. Rippy и Don Rifle. По неговото издвање во септември, тие издваат уште еден 7” сингл, „Loose Lips“, овој пат за Sub Pop. Во 2008, Holy Mountain ги собира трите први сингла на групата под издание насловено Vol. 1. Вториот комплетен албум, Dos, следува во 2009, и повторно е продуциран од Johnson и Jermier, под нивните псевдоними. До овој период, бендот веќе има почнато да реализира турнеи низ светот, со висококвалитетни настапи на фестивали како All Tomorrow’s Parties New York (каде што куратор е режисерот Џим Џармуш) и Primavera Sound. Издаваат неколку сингла и ЕП изданија, често сработени со посебна цел – да бидат продавани на турнеја. Второто издание на сингловите на бендот се појавува за Sick Thirst во 2010. Едноставно именувано Vol. 2, тоа ги содржи сите траки сработени за изданијата на Sub Pop и Mexican Summer, два самиздат сингла за европските турнеи и трака издадена за списанието Yeti.

Во 2011, Wooden Shjips потпишува за Thrill Jockez и го издава West, нивниот прв албум снимен комплетно во студио, како и прво издание мастерирано Sonic Boom од Spaceman 3. Заедно со Andrew Weatherall и Kandodo, Sonic Boom учествува и во снимањето на The Shjips’ Remixes 12”, кое излегува наредната година. Бендот се сели од нивниот домашен терен – Заливската област на Сан Франциско кон подождливото опкружување на Портланд, Орегон. Се навраќаат на влијанието од детството и тешкиот груви класичен рок и пространи текстури во албумот од 2013 Back to Land. По овој албум, Johnson претежно е зафатен со снимање и турнеи со Moon Duo. Wooden Shjips се враќаат во 2018 со изданието V., сончев, поттикнувачки албум со наслов којшто всушност го претставува знакот за мир во форма на два кренати прста.

АРТИСТИ 

BLANK MASS

BLANK MASS

2018
CAMERA

CAMERA

2018
KANAL 103