Enter the content which will be displayed in sticky bar

ЗДРАВО МЛАДИ! фестивал на нова музика

ЗДРАВО МЛАДИ! фестивал на нова музика
ЗДРАВО МЛАДИ! е зачнат 2010 година, а името го добива по флиперница во градот Кратово. Кратко време по именувањето на фестивалот, дознавме дека флиперницата пак, своето име го добива по една über популарна емисија за млади во бившата република. Ете така, ЗДРАВО МЛАДИ! не сакајќи се оформи и прерасна од обичен “поздрав до младите” во фестивал со силна музичка програма.
ЗДРАВО МЛАДИ! е прогресивен музички фестивал, чија цел е понуда на квалитетна, свежа и алтернативна музика од светот. Познато е дека музиката ги спојува луѓето, но само добрата музика има моќ да ги обедини. Оттаму, младите од градот преку оваа најсвежа музичка програма на МКЦ, ќе имаат можност подобро да се запознаат и да слушнат различна и кул музика.
ЗДРАВО МЛАДИ! не претендира да стане фестивал од ревијален карактер, ниту да го завеземе местото на веќе етаблираните музички манифестации во градот. ЗДРАВО МЛАДИ! сака само да го опипа пулсот на постоечката независната култура и со тоа – да донесе бендови и артисти кои се во тек со модерната и современа инди музика. Полека и инаетливо се движиме кон нашето 8-мо издание. Од инцидентен настан, до дефиниција за добар провод. Бидете така, школската година започнува на 1 септември пред МКЦ .
*Контакт: press@mkc.mk

JAZZ FM