contact@mkc.mk
        

CIGARETTES AFTER SEX

CIGARETTES AFTER SEX

CIGARETTES AFTER SEX  

Амбиент поп колективот Cigarettes after sex е основан речиси случајно во 2008 година од композиторот и предводникот на бендот Greg Gonzales. Додека живее во Ел Пасо, Тексас, Gonzales експериментира со фаќање на пространи звуци снимајќи песни на скали на универзитетот во Тексас. Овие заносни песни ќе бидат дел од првото ЕП на Cigarettes after sex, насловено „I“, кое излегува во 2012 година. Откако се сели во Бруклин, Gonzalez, продолжува да работи на бендот, вбројувајќи ја помошта од слободен избор на соработници меѓу кои Phillip Tubbs, Randy Miller, Jacob Tomsky, Steve Herrada, Emily Davis, and Greg Leeah. Изданијата од овој колектив излегуваат најчесто во форма на синглови, ЕП изданија и мошне популарни видео клипови на Јутјуб. Една од нивните највпечатливи песни беше преработката на моќната балада на REO Speedwagon, насловена Keep on Loving You. Откако добиваат големо онлајн внимание, почнуваат да работат на деби комплетен албум. Овој потфат, насловен како бендот, се јавува во 2017, речиси деценија по зачетокот на бендот.

АРТИСТИ 

BLANK MASS

BLANK MASS

2018
CAMERA

CAMERA

2018
REPETITOR

REPETITOR

2018
KANAL 103