Поради измените кои мораше да ги направиме во последен момент, овогодишното издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ, наместо првично најавените два дена, ќе се одржи во еден ден - 27.08.2021

Веќе купените (дводневни) билети можете да ги искористите за 27 август и да добиете попуст од 50% на билет за следното издание на ЗДРАВО МЛАДИ. Ви предлагаме да ги зачувате.

Доколку пак сакате рефундирање на средствата пишете ни порака на социјални мрежи или mail на online@mkc.mk.

Дополнително, во продажба се пуштени еднодневни билети по цена од 400 денари кои важат само за годинешново издание. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.