Enter the content which will be displayed in sticky bar
Rib
MKD
Post punk/New wave

Rib  

Триото има фантастичен нов албум во 2019 година, од кој проникна некрунисаниот хит на годината – ROTATOR, а ова ќе биде уникатна прилика да ги слушнеме и видиме Rib на сцена, заедно со David Best (Fujiya & Miyagi), во изведба на гореспоменатиот хит.

Rib се Јане Трајковски на гитара, Џано Куч на тапани и Ивица Димитриевиќ на гитара и бас.

„Необременети од за нашите бендови анахроната потреба да се биде „значаен” и „социјално-политички ангажиран”, Rib суверено владеат со post punk/new wave просторот, чисто на сонична база. Токму отсуството на лузерската потреба да се биде релевантен/независен колку да се допадне на потенцијалната алтернативна публика е нивното најсилно орудие. Својот кул го градат на чисто звучен градежен материјал, кој од албум во албум е се поубедлив. Оваа здрава амбиција е редовно поткрепена со винилни изданија, нивно модерно копаничарство, кое остава неизбришлив траг на сериозност“ – напиша Мирко Попов во една од неговите рецензии.

Оваа година неуморното трио го издаде третиот студиски албум, насловен едноставно „RIB“. Сниман од страна на Ален Хаџи-Стефанов, миксот, продукцијата и мастерингот е дело на Ben “Faz” Farestvedt од Англија.

JAZZ FM