AMOK RADIO PROGRAMME

MKD, UKR, IT, UK, D: www.amokradio.co

Амок радио оваа година со своја програма на ЗДРАВО МЛАДИ, на посебна сцена!

Еми Ермилова и Мартина Пенева

Еми Ермилова и Мартина Пенева

Еми Ермилова е добро познато име на скопската диџеј-сцена, започнувајќи со пуштање музика од своите рани дваесети години. Без разлика дали во нејзиниот клупски сет доминира хаус или електро-музиката, срцето на Еми лута меѓу психоделичната есид-музика, амбиенталната, њувејв, диско, постпанк, даб, електронската, но и со посебен акцент на музиката од колекцијата на плочи од својот татко (сега веќе и нејзина колеција) од 80-тите и 90-тите.

Мартина Пенева ја започнува својата диџеј-кариера во 2021 година, со звучен идентитет воден од мистичен, длабок и органски карактер со фокус на deep dark techno, downtempo и психоделични бранови од звуци. Таа го задржува својот уметнички пристап истражувајќи ја тензијата помеѓу природното и вештачкото, телото и душата.

Herzel

Herzel

Александар Гроздановски aka Herzel е присутен на светската и домашна електронска сцена повеќе од 10 години. Неговиот музички стил најдобро се опишува како заплет од: панк, синтвејв, инди електронска музика како и од неговите најрани влијанија – хаус и техно. Herzel е еден од сопствениците на издавачката куќа Bran, која издава артисти врзани со македонската џез, фанк и поп-музика од 60-тите до 90-тите години во контекст на електронската музика и тоа исклучиво на винил.​

Од 2020, започнува со поголемо експериментирање и апскратно синтетизирање под алијасот HRZL. И покрај тоа што неговата музика е ценета од артисти почнувајќи од John Talabot па до Sven Väth и Kasper Bjorke, излезени рецензии за неговата музика во влијателни музички магазини и блогови како Electronic Beats, Mixmag, DJ Mag, Resident Advisor, своја музика на радија како BBC, Red Bull Radio, NTS како и стрим настапи на Red Light Radio и United We Stream, Александар Гроздановски е релативно скромен дечко.​
Во 2021, започнува со свој месечен резидент настап на Амок Радио во Скопје.

Штадт

Штадт

Висејќи на работ на хаосот, украинскиот ексцентричен EBM/darkwave изведувач Штадт е реакција на самиот артист кон брзите промени околу него. Неговите изведби се секогаш на максимум тензија, носејќи ја публиката во состојба на тотална хипноза, преку употребата на апстрактни видеопораки, кои ја опишуваат измачувачката омраза кон себе, изродена од мрачните ќошиња на неговото неизбежно постоење. Штадт е обид да се избега од сопствената опсесивна жед. Тој е еден од водечките дарквејв-артисти на новата независна источноевропска сцена. Доаѓа од Доњецк, од првата борбена линија.
Артистот е дел од #Liveurope програмата на фестивалот.

*LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

Not Waving

Not Waving

Зад возбудливиот алијас Not Waving стои продуцентот и изведувач Alessio Natalizia. Неговата музика би можела да се дефинира како ½ EBM и ½ “ангажирана андерграунд електроника со редок отсјај” како што и сам пробува да ја дефинира. Алесио потекнува од Васто, мал град на брегот на Италија, а во 2006 се сели во Лондон. Тука почнува скромно, со првиот експеримент излезен од компјутерот во неговата соба наречен “Banjo or Freakout”, а е и дел од веќе непостоечкото техно дуо “Walls” заедно со Sam Willis од “Allez Allez”. Во 2013 година, Алесио скоцкува компликација со опскурна италијанска њу вејв и електронска музика од 80ти години со наслов “Mutazione”, која изобилува со ретки драгоцености и некако неочекувано, го најавува неговиот животен проект. Како Not Waving, во 2013 и 2014 издава серија на EBM/industrial албуми за “Ecstatic” и “Emotional Response”, а во 2015 се приклучува на влијателната “Diagonal” од каде што отскокнува кон вселената.
Тоа што го дефинира Not Waving е: неконформизмот, потребата да ги уништи денс подимумите во Европа и поривот да создава спектрална, „надвор од времето и просторот“ музика, која го прави буквално тоа – пробивен футуризам на крајно примитивен начин. Контролиран нервен слом.
Вели дека Salad Days на Minor Threat му е големо музичко влијание.

Bufiman

Bufiman

Jan Schulte е диск-џокеј, продуцент и ритам ентузијаст од Дизелдорф, Германија. Артист што бега од стереотипите создавајќи ексцентрична денс-музика под различни алијаси: Wolf Mueller, Bufiman, дури и Diskoking Burnhart McKoolski.
Јан е резидент диџеј во познатиот Salon Des Amateurs во Дизелфорф, познат како „чудачката хациенда на пост краут сцената“ и како дел од упорната клупска експедиција за изнаоѓање необична и експериментална музика.
Bufiman се впишува и како музички хост на ексцесивните журки на Дизелдорфската арт-академија – дива комбинација на уметнички перформанси и 24 часовна забава.
Неговите диџеј-сетови изобилуваат со различни правци, од африкански краутрок до емотивно вуду-техно па сѐ до заборавени класици од „Б страните“ комбинирани со невидена леснотија, создавајќи коридор од една до друга музичка декада.
Она што сигурно ќе го слушнете се неговите „in the making“ парчиња пред Young Marco, Gilb’r, J.T.C., Prins Thomas, Lena Willikens, Paul Strangefruit, па дури и Jamie XX не ги зграбиле.

КОМЕНТАРИ:

He's the master! Is there anyone remotely similar that I can chase his debut with?

George McCormick (about Bufiman) via Youtube

amazing que te cagas energy!

Edu López (about Not Waving) via Youtube

Every 15 seconds I keep turning the volume up more and more..this is QUALITY content

DimmyDimmy (about Stadt) via Youtube