DEERHOOF

Deerhoof e калифорниската нојз-панк супергрупа оформени далечната 1994 година.

Со над 18 космички албуми, кои се истовремено и експериментални и поп, Deerhoof отсекогаш трагале по смели приказни и радикални звуци, создавајќи во процесот свој револуционерен јазик за разбирање со публиката. Нивниот албум од 2020 насловен како Future Teenage Cave Artists, критичарите го оценија како омниприсутен, илустрација на лична бајковита визија од постапокалиптични мелодии, кои одѕвонуваат во глава, украсен со крајно невообичаени дигитални методи на снимање. Неговото продолжение Love-Lore пак, претставува мозаично љубовно писмо со обработки од песни во живо на артисти како Parliament, Sun Ra, Stockhausen, канализирани во антитоталитарни пораки, кои го инспирирале бендот. Нивниот последен албум, Actually, You Can е жанровски најразновиден и во основа пружа најколоритна вибрантност. За овој албум бендот вели: „Замислете ја сета убавина, позитивност и љубов на светот, која секојдневно се прогласува за грда, негативна и омразена од само прокламираните чувари на ‘здравиот разум’. Тешко дека ние ќе сме виновни за уништување на општеството со разоружување на нивните колонијални економии и затвори и родови улоги и естетика. Напротив, така ќе сме дел од неговото создавање!

КОМЕНТАРИ:

Joyfull childish prog metal (I LOVE that). Deerhoof is so unique!

Broueno Aprile via Youtube

both the heaviest and chillest band in the world.

kira ketover via Youtube

I'm a rock-and-roll drummer, so my job is to create chaos.

Greg Saunier Deerhoof