XAJKA

Хајка е млад панк-бенд од Скопје. Со своето прво ЕП „Непрекинато движење“, па деби-албумот „Антиталент“, кој вбројува 25 песни и новиот сингл „Мека машина“, Хајка дефинитвно го привлекоа сечие внимание. Кој денес пишува 25 песни за прв албум? Тие што имаат многу да кажат. Влечејќи инспирација од бит-генерацијата на писатели и постмодерната уметност, сместенa во гласен гаражен панк, Хајка сериозно газат, одејќи само нагоре. Веројатно кога би се сретнале Иги Поп со Џело Биафра во бексјтеџ некаде по светов, гарант ќе се прашаат за текстот на „Гол ручек“. Нивниот втор албум, „Мека машина“ излегува оваа година.

КОМЕНТАРИ:

Aaaa ! bravo deco ! svaka čast ! sve ovo podseća na rane '80te , i vratiste me u detinjstvo ! odlično.

Danilo od Nedića via Youtube

za sledekju svirku donasam patku

valhalla_ku via Youtube

Дечите се директно за у Бардовци...песниве им се бре БЛЕСАВО ДОБРИ!!! Лудница!

Stojan Atanasovski via Youtube