RUSH TO RELAX

Возбудливиот состав на Дамјан Маневски, моделиран под силното влијание на светското рокенрол-наследство во секој облик, e производ на релацијата Битола – Љубљана. Како што и самиот вели, Rush to relax e бенд составен од повеќе други распаднати бендови. Нивната музика е често мелодична, ама неисполирана. Во одредени моменти може да звучи како слоевит звук, додека на моменти важен е само едноставниот риф или секвенца за да се долови најсуштинското DIY-одѕвонување.

Rush to relax на ЗДРАВО МЛАДИ доаѓаат во проширен состав: Дамјан (вокал, гитара), Јан Цизеј на бас-гитара, Ерик Керпан на гитара и Васја Онич на тапани. Публиката пак ја има таа чест да го чуе и најновиот материјал од нивниот нов албум, кој треба да излезе точно еден ден пред фестивалот.

Бендот е дел од #Liveurope програмата на фестивалот.

*LIVEUROPE e првата паневропска иницијатива, која ги поддржува напорите на концертните сали во промоцијата на надоаѓачки европски артисти. LIVEUROPE е мрежа кофинансирана од програмата на Креативна Европа.

КОМЕНТАРИ:

preubo

Aleksandar Petrovski via Youtube

Odlicne pesme i zika, pozdrav iz BGa

Fillip via Youtube

So sooo good obsessed with the production!

jernej grmek_music via Youtube