The Creation of Sound

>: exhibition

Огромна интерстеларна изложба на Гоце Илиевски @ ЗДРАВО МЛАДИ 12!

Пред звукот да постои, космичкиот пејзаж беше само еден огромен празен простор. Постарите се расправаат со векови за создавањето на звукот. Всушност, постои голема и никогаш завршена дискусија за звукот, просторот и вселенските тела. Некои веруваат дека звукот е оној примарниот, а материјата е резултат на некој вид звучна колизија, создадена од огромни звучни кластери. Други пак, велат дека звукот е резултат на судир на огромни вселенски тела. Дури постои теорија за непозната митска сила што го создала звукот, со едноставно пуцкање на прстите. Барем во едно сите се согласни: првите микросекунди кога звукот се појавил, неговата енергија предизвикала експлозија на ѕвездени точки и шарени бранови расфрлени врз тивкото темно небо. Која и да е точна од овие теории, едно е сигурно – звукот и времето се создале истовремено. Пред звукот не постои време, а пред времето не постои звук.

Гоце Илиевски е илустратор со фокус на изработка на анимации, кој во своето долгогодишно професионално искуство вбројува над 200 проекти за Netflix, BreakThru Productions, Ample Earth, како и награди за музички видеа со анимација. Работел и како аниматор на филмот Loving Vincent, за животот во последните денови на уметникот. Loving Vincent е првиот целосно насликан, анимиран игран филм во светот. Неговата уметност плови меѓу современата, традиционалната и дигиталната форма. Досега реализрал над 12 изложби во Германија, Австрија, Исланд, Турција, Бугарија и С.Македонија. Во 2011 се здобива со наградата „Златна четка“ доделена од страна на Друштвото на ликовни уметници. Гоце Илиевски е авторот на дизајн на 12-тото издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ 2022.

КОМЕНТАРИ:

Marvellous!

Haji Muhammad Naeem via Facebook

This is really nice art, wow!

sebx.art via Instagram

I love this!!

giada.canu via Instagram